Силен земјотрес во Егејско море: Се почувствувал недалеку од Солун

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Егејското Море, недалеку од Грција. Како што информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот бил почувствуван на 20 километри југоисточно од населбата Неа Рода и 109 километри источно од Солун.
Епицентарот е измерен на длабочина од 15 километри, додека засега нема информации за материјална штета.
„Кратко се тресеше“, „Ништо страшно, но се почувствува неколку секунди“, „Кратко, но силно“, ова се само дел од сведочењата на граѓаните кои го почувствувале потресот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре во Солун минута молк за загинатите…
Со минута молк утре во 12 часот…
Тројца тешко повредени пациенти транспортирани во Солун
Првите три пациенти од Клинички центар кои…
Над милион патници се возеле со солунското…
Новата подземна железница во Солун, која се…
Голема акција на грчката полиција- во Солун…
Службеници на Дирекцијата за борба против организираниот…
На универзитет во Солун се говореше за…
За првпат се случува конференција на олку…