Објавено на:

Силен земјотрес го погоди Мексико, оштетени патишта и болници

t

Силен земјотрес со магнитуда од 6,5 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико, при што беа пријавени оштетувања на патната инфраструктура и на болнички објекти, соопштија локалните власти и сеизмолошките служби.

Потресот бил регистриран во сојузната држава Гереро, со епицентар во близина на градот Сан Маркос, на длабочина од околу 35 километри. Земјотресот силно се почувствувал и во Мексико Сити, каде што се активираа сеизмичките аларми и граѓаните масовно ги напуштија објектите.

Земјотресот го прекина и првиот новогодишен брифинг на мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум, по што присутните беа евакуирани од зградата како превентивна мерка. На социјалните мрежи беа објавени видеа од тресење на згради и луѓе собрани на улиците.

Локалните власти информираа за оштетени патишта, појава на клизишта и оштетувања на неколку здравствени установи во погодените области. Засега нема информации за поголеми уривања во главниот град, но проценката на состојбата на зградите е во тек.

Според првичните информации, има пријави за повредени лица, а медиумите пренесуваат и за најмалку една жртва, иако официјалната потврда за точниот биланс сè уште се очекува. Сеизмолошките служби регистрираа и повеќе последователни потреси по главниот удар.

Мексико се наоѓа во една од најсеизмички активните зони во светот, поради судирот на неколку тектонски плочи, а ваквите потреси редовно претставуваат сериозен ризик за населението и инфраструктурата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силен земјотрес го погоди Мексико, оштетени патишта…

Силен земјотрес со магнитуда од 6,5 степени според…

Најмалку 10 жртви во превртување на автобус…

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе десетици…

Седуммина загинати при пад на мал авион…

Најмалку седум лица загинаа при пад на…

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување…

Јапонија е погодена од земјотрес со прелиминарна…

(Видео) Масовни антивладини протести во Мексико Сити!

На антивладините протести што се одржаа во…