Објавено на:

Силен земјотрес го стресе далечниот исток на Русија

t

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Камчатка, на далечниот исток на Русија, соопшти регионалниот огранок на Геофизичката служба на Руската академија на науките.

Претходно, јачината на земјотресот беше 5,7 степени.

Епицентарот на земјотресот бил во заливот Авач, 44 километри јужно од Петропавловск-Камчатски, на длабочина од 100 километри, пренесува Интерфакс.

Дописникот на агенцијата јави дека во Петропавловск-Камчатски ѕидовите се тресат, мебелот се ниша, а предметите паѓаат.

Некои жители истрчаа од зградите.

Од Министерството за вонредни состојби посочуваат дека, според првичните информации, нема жртви или материјална штета.

Не е издадено предупредување за цунами.

Спасувачите на југот на Камчатка проверуваат дали се оштетени станбени згради и други објекти, соопшти главната управа на руското Министерство за вонредни ситуации за територијата на Камчатка, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија тестира вакцини против рак

Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…

Путин откри што бара од Украина

Русија не бара капитулација на Украина, туку…

Путин: Русија се залага за рамномерен развој…

Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…