Силен земјотрес и во Тирана
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во четвртокот попладне во Албанија. Епицентарот се наоѓал во селото Медка, на седум километри од главниот град Тирана, јави Танјуг. Засега нема извештаи за материјална штета.
Албанскиот сеизмолог Едмонд Души пред неколку дена изјави дека во Албанија има сеизмичка активност поради разорниот земјотрес во Турција, но земјата не е во опасност од силни потреси бидејќи не се наоѓа на истата тектонска плоча.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја стресе Босна и Херцеговина
Земјотрес со јачина од 3,4 степени според…
МД „Илинден”: Честитки до студентите по македонски…
Македонското друштво "Илинден"-Тирана упатува честитки до првата…
Македонската амбасада во Тирана објави телефонски броеви…
Пред почетокот на главната туристичка сезона во…
По Призрен, Али Ахмети прогласен за почесен…
Советот на општина Тирана на денешната седница…
Земјотрес во Србија!
Земјотрес со јачина од 2,5 степени според…