Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами
Јапонија е погодена од земјотрес со прелиминарна магнитуда од 6,7 степени според Рихтеровата скала, а издадено е предупредување за цунами во северните и североисточните делови на земјата.
Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан во близина на префектурата Аомори, објави „Кјодо“.
Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека тихоокеанскиот брег на Хокаидо, како и префектурите Аомори, Ивате и Мијаги, би можеле да доживеат цунами со висина до еден метар по земјотресот, кој го погоди источниот дел на Аомори на длабочина од околу 20 километри.
Цунами од околу 20 сантиметри беше забележано во делови од Хокаидо и Аомори, но немаше извештаи за повредени или материјална штета.
Земјотресот беше со јачина од 4 степени според сеизмичката скала од 7 степени во делови од северна и североисточна Јапонија, а „Тохоку Електрик Пауер“ соопшти дека не се пријавени абнормалности во нуклеарните централи Хигашидори и Онагава, кои се наоѓаат во префектурите Аомори и Мијаги.
Земјотресот се случи четири дена откако моќен земјотрес со магнитуда од 7,5 степени го погоди источниот брег на Аомори во понеделник, поради што агенцијата предупреди за можноста сличен или дури и посилен земјотрес да ја погоди истата област во следните неколку дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување…
Јапонија е погодена од земјотрес со прелиминарна…
Кина: Јапонија ја премина црвената линија
Јапонија ја премина црвената линија со коментарите…
Јапонија одобри рестартирање на најголемата нуклеарна електрана…
Регионалниот гувернер на Јапонија денес изјави дека…
Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување…
Земјотрес со јачина од 6,8 степени според…
Македонските ракометари поразени од Јапонија
Македонската машка сениорска ракометна репрезентација загуби вечерва…