Силен земјотрес ја погоди јужна Италија!
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала во четвртокот ја погоди јужна Италија, соопшти денеска италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија.
Според веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот бил на 15 километри од градот Лонгобуко во Калабрија на длабочина од 17 километри.
Според Ансе, земјотресот бил почувствуван од Сицилија до Пуља, а како што соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија, станува збор за област со висок сеизмички ризик.
Управата за цивилна заштита соопшти дека засега нема извештаи за материјална штета.
По првиот земјотрес, неколку послаби земјотреси со јачина од 2,3 и 3,1 се почувствувани во Пјетрапаола и Бокилеро во областа Козенца во Калабрија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД, Италија, Романија и Бугарија одржуваат голема…
Единици на САД, Италија, Бугарија и Романија…
КФОР им додели медали на војници од…
Свечена церемонија за доделување медали на војници…
(ФОТО) Италија воодушевена од акцијата на припадник…
Италијанските карабинери објавија информации за херојскиот потфат…
Тага во Италија по смртта на папата:…
По веста за смртта на папата Франциско,…
Докторка од Италија која го лекувала штипјанецот…
Директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница…