Силен снег предизвика хаос во Србија, 5.000 луѓе останаа без струја
Снегот, што ноќеска падна во Србија, остави околу 5.000 жители на села без струја, објави „Мондо“.
Снежната покривка изнесува околу пет сантиметри, но сите патни правци се проодни. Сепак, падот на влажниот снег предизвика дефекти на електродистрибутивната мрежа во горните села на Драгачево. Во моментов околу 5.000 луѓе се без струја, според сознанијата на локалните медиуми.
Истовремено, проблеми со снабдувањето со електрична енергија се забележани и во делови од градот Чачак – конкретно во населбите Љубиќ, Ракова, Трбушани и Милиќевци.
Екипите на локалната електродистрибуција се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектите. Се очекува напојувањето да биде нормализирано во најскоро време, доколку временските услови го дозволат тоа.
Во Ивањица паднале околу 10 сантиметри снег, но без поголеми последици. Забележани се само помали прекини во снабдувањето со струја, кои надлежните служби ги отстрануваат. Сите магистрални и локални патишта се проодни, а патните екипи се на терен уште од ноќеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силен снег предизвика хаос во Србија, 5.000…
Снегот, што ноќеска падна во Србија, остави…
ЕУ нема да дозволи Србија да седи…
Европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави…
Германскиот МНР до Србија: Поддршката за Украина…
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул…
Акакдемски пленум на Србија: До кога полицијата…
Академскиот пленум на Србија остро го осуди…
Полицаец претепа девојка во Нови Сад
Студентите во блокадата на социјалните мрежи објавија…