Силување во Дојран, предложен притвор за осомничениот
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи постои основано сомнение дека тој на 19 ноември, со употреба на сила и спротивно на јасно изразената волја на една оштетена ја принудил на сексуален однос.
Жртвата, со која претходно биле во подолга врска која таа ја прекинала, ја пречекал пред работното место и ја викнал да влезе во кола за да разговараат и да ја однесе дома. Но наместо тоа, со автомобилот свртел по полски пат, па во возилото ја удирал по лицето и и се заканувал дека не смее да биде во врска со друг. Кога застанал, оштетената излегла од автомобилот, но тој со шлаканици и боксови ја вратил во возилото и ја принудил на полов однос на кој таа постојано се спротивставувала.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силување во Дојран, предложен притвор за осомничениот
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за…
Маж силувал 25-годишна девојка во атар на…
Полицијата во Гевгелија поднесе кривична пријава против…
Тетовец силувал малолетно девојче во дебарско
Татко пријави во полиција дека маж од…
Египќанец се обидел да силува жена во…
Осомничен 26-годишен Египќанец е уапсен откако според…
19-годишник три месеци силувал малолетничка
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 19-годишник…