Силјановска-Давкова: Зошто вестите да не започнуваат со култура, потоа спорт, а на крај политика?
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова во интервју за Македонската радио-телевизија потенцираше дека е неопходна посериозна државна стратегија содржините што медиумите што им ги нудат на гледачите во однос на распоредот на вестите и посочи дека треба да се преиспита кому се даваат медиумските концесии .
„Телевизиите со национални концесии речиси и да не продуцираат сопствени културни, научни или образовни програми. Во таа насока потребен е посериозен пристап,“ истакна Силјановска-Давкова.
Исто така, таа предложи поинаков редослед на секојдневните вести, почнувајќи о културни и спортски содржини, а потоа да следи политиката.
„Зошто да не започнете со вести од културата, потоа спортот, а на крај политиката? Колегите велат дека тоа не поминува, не е конкурентно. Но, зошто да не се обидеме?“ рече претседателка
Претседателката истакна дека е клучно да се преиспита кому и зошто се доделуваат медиумските концесии и какви програмски стандарди се поставуваат.
„Денес гледаме програми што не образуваат, не воспитуваат, туку често нервираат и поттикнуваат омраза. Тоа не е добро,“ нагласи таа.
Силјановска-Давкова ја коментираше и улогата на Македонската телевизија во минатото, која, како што рече, била најгледана токму меѓу младите.
„Никој, како МТВ, не умееше да ги научи децата на буквите на толку достапен, креативен и занимлив начин. Документарните емисии беа врвни, а вестите – совршени,“ изјави таа.
Претседателката посочи и на сериозноста на говорот на омраза, за кој смета дека треба посериозни санкции.
„Во многу држави постојат санкции за говор на омраза. Такви мерки ни се потребни и кај нас,“ додаде таа.
На крајот, Силјановска-Давкова нагласи дека вложувањето во културата е вложување во иднината. „Имаме искуство, талент и историја. Наше е да ја зачуваме и да ја промовираме таа вредност,“ рече претседателката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОВАА ЖЕНА ЖИВЕЕ НА НЕКОЈА СВОЈА ПЛАНЕТА“:…
Професорката Билјана Ванковска со реакција на средбите…