Силјановска за реакциите на ДУИ: „Да се внимава на правичната застапеност во АРМ, но и на стручноста“
Реакциите на Демократската унија за интеграција дека се врши исклучување на Албанците во Министерството за одбрана стигнало и до претседателката Гордана Силјановска Давкова. Таа како врховен командант на Армијата се интересирала токму за ова при што и било речено дека станува збор за одредени преименувања. Додава дека според неа треба да се внимава на правичната застапеност но и на стручноста.
-Прашав, одговорот беше дека се работи за истите органи и истите луѓе, само што во реформите имаат преименување. И јас го чув тоа, мислам дека треба да се провери и мислам дека да, треба да се води сметка и за правичната и за соодветната застапеност. Правично значи, прво стручност и компетентност па потоа пропорционалност, изјави Сиљановска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реџепи: ДУИ нема да дозволи дестабилизација на…
Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам…
ДУИ: Мицкоски го изгуби моралниот компас, подготвени…
Без срам власта е подготвена да ги…
Албанците се недоволно застапени во клучни институции,…
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…
ДУИ: Албанците никогаш нема да дозволат државата…
Најновите случувања поврзани со антиевропската агенда во…
Адеми: Aко има второ полувреме од 2001…
Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, предупредува дека…