Симовски ги попари Бугарите: Имаа можност на пописот да се изјаснат како што сакаат

t

Не треба да го врзуваме прашањето за државјанството со етничката припадност. Во државата има граѓани со австралиски и американски пасоши, па не се Американци или Австралијци. Како ќе се изјаснат е нивно лично право. Како за останатите, така и за лицата кои се чувствуваат како Бугари имаа слободна можност да се изјаснат како што сакааат, изјави првиот човек на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, како одговор на прашањето за забелешките на помалите етнички заедници во однос на резултатите од пописот.

-Нашата обврска беше да дадеме реална слика, иако некој посакувал поинакви состојби во државата или мислел има поинакви состојби, додаде Симовски.

Тој информира дека не го интересираат било какви изјави околу бројката на Бугари во земјава.

-Имаше изјави дека се многу помалку и изјави дека се многу повеќе. Воопшто не ме интересираат такви изјави. Ние гледаме да си ја завршиме нашата работа и си ја гледаме нашата професија, рече Симовски во емисијата „Трилинг“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ