Синдикатите и Владата повторно на иста маса во среда: Главна тема платите

Синдикатите бараат инфлацијата да биде основниот параметар за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор. Покачувањето од 14,2% за сите вработени – од нијниско до највисоко ниво.
Денешниот Социоекономскиот совет заврши без успех, но сепак со мало приближување на ставовите, смета Сидникатот.
„Дискусијата одеше во насока на тоа дали да се земе како параметар зголемувањето на минималната плата од 12,55 или пак колку што е зголемена просечната плата, 10,9 отсто. Решението кое ќе се случи преку општиот колективен договор мора да важи за сите подеднакво. Не може да дозволиме ние како претставници на работниците 78 отсто зголемени плати на функционерите да се зголемат за одреден процент без оглед на тоа дали е три проценти како што беше предлогот на претходната седница, шест проценти како што беше предлогот на Владата на оваа седница, или, пак, тоа што го бараме ние 14,5 отсто , 12,55 или 10,9 отсто. Нема да дозволиме функционерските плати да растат на ваков начин“, изјави Слободан Трендафилов од ССМ.
Вицепремиерот Битиќи, пак, се прашува – од каде излезе барањето за намалување на платите на избраните и именувани функционери?
За СОНК спорен е периодот на транзиција, затоа што кај нив веќе има колективни договори, каде има вакви пресметки. Формулата просечна плата помножена со коефициент на сложеност е моделот кој сметаат дека треба да се примени.
Следниот состанок на кој ќе се бара решение за зголемување на платите на административците е закажан во среда.
Ќе се одржи во Министерството за финансии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Влада: Упатуваме апел до медиумите кои емитувале…
Владата на Република Македонија преку соопштение упати…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…
Влада: ДПИ за три дена да изврши…
На владината седница се донесе одлука со…
Владата ги донесе законските измени – онлајн…
Влада на денешната 57-ма седница го донесе…
ДПМНЕ го демантира ВМРО од пред три…
Октоподите, бифтеците и папајата на ВМРО-ДПМНЕ изгледа…