Синдикатите се подготвуваат за протест: Бараат минимална плата од 600 евра и повисоки плати за сите работници

t

Синдикатите го загубија трпението и најавија протест на 28 јануари, со почеток во 17 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Тие ги повикаа сите незадоволни работници од различни сектори да им се приклучат и заеднички да побараат достоинствени плати.

Според синдикатите, прагот на сиромаштијата е алармантен – дури 33% од работниците живеат со плата под 30.000 денари. Советот на синдикати едногласно одлучи да побара зголемување на минималната плата на 600 евра, со паралелно покачување на сите останати плати.

„За тоа што имаме најниска минимална плата, за тоа што имаме најниска просечна плата, и за тоа што 200.000 работници работат, а се сиромашни и примаат плата под 30.000 денари, ова е само првиот чекор. Следуваат дополнителни протести, блокади и генерален штрајк во јавниот сектор“, изјавија од синдикатите.

Тие предупредија дека доколку нема слух кај институциите, ќе соберат 10.000 потписи за да станат овластен предлагач на законите, ќе побараат намалување на функционерските плати за 78% и зголемување на платите на работниците.

Синдикатите додаваат дека дури и доколку бидат повикани на дијалог, нема да се откажат од најавата за протест, потенцирајќи дека работниците не можат да бидат замолчани со симболично покачување од 25 евра додека функционерите добиваат зголемување од 200 до 300 евра.

Од синдикатите посочуваат дека доколку работниците и работодавците сами се договорат за зголемување на минималната плата, нема ништо против тоа, но потенцираат дека реакцијата ќе биде присутна доколку нема реални решенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синдикатите се подготвуваат за протест: Бараат минимална…

Синдикатите го загубија трпението и најавија протест…

Европските претставници за говорот на Трамп: Сега…

Дипломати и високите претставници во Брисел денеска…

Четири години затвор за екс-директорот на „Геријатрија“…

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуда…

ЕУ направи прв потег против САД: Клучен…

Европската унија го суспендираше формалното одобрување на…

Приведен насилник: Ги тепал неговите родители и…

На 20.01.2026 околу 20:00 часот, полициски службеници…