Синиша Мали ќе биде нов српски премиер?
Министерот за финансии Синиша Мали е најсериозен кандидат за нов премиер на Србија, јавија белградски медиуми, наведувајќи дека тој „веќе пишува експозе“, пренесе Бета.
„Точно е дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека има четворица кандидати за мандатарската позиција, од кои двајца се познати на јавноста, двајца не, а меѓу нив има и непартиски експерти, но се чини дека во овој момент министерот Мали е на прагот да стане првиот човек во немањина 11“, објави весникот Данас, повикувајќи се на извор од актуелната власт.
Како што понатаму наведува весникот, „информациите се дека тој веќе пишува експозе, но додека не завршат консултациите во СНС и пошироко и додека претседателот (Александар Вучиќ) не донесе конечна одлука, тешко е да се каже со сигурност кој навистина ќе биде нов премиер
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шестмина осомничени за уривање на уставниот поредок…
Шест лица се приведени во српската Палата…
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…
Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…
Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…
Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…