Синот на Тони Тоневски задржан во станица: Летал со 185 km/h
МВР ќе поднесе кривична пријава против Н.Т (27) од Пробиштип. Возачот бил фатен додека возел со прекумерна брзина од 185 километри на час на место каде дозволената брзина е 110 километри на час.
– На 25.09.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишија од слобода Н.Т.(27) од Пробиштип. При сообраќајна контрола со радар на експресен пат Кочани – Штип, констатиртано е дека тој управувал патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки со брзина од 185 километри на час на место каде што дозволената брзина е 110 километри на час.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението на МВР.
Според информациите на Инфомакс, возачот кој возел 75 километри на час над дозволената брзина е син на Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ и директор на БУЛМАК, компанијата концесионер на рудниците Тораница и Злетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тони Михајловски разочаран: Ми дојде желба да…
Македонскиот актер Тони Михајловски на својот профил…