СИПРИ: Не се очекува Путин да употреби нуклеарно оружје во Украина

t

Не се очекува рускиот претседател Владимир Путин да ги релаизира неговите закани за употреба на нуклеарно оружје во операциите во Украина, проценува Меѓународниот институт за политички истражувања во Стокхолм (СИПРИ).

Директорот на СИПРИ, Ден Смит, не смета дека крајното решение на кризата ќе резултира со нуклеарен конфликт.

-Но, за жал и самото постоење нуклеарно оружје сепак значи дека се остава отворена и таа колку и да е мала можност, вели тој.

Рускиот претседател Путин вчера најави дека испраќа трупи во Украина, со што се остварија стравувањата од инвазијата врз соседната земја. Во неговото обраќање го нагласи фактот дека Русија е „една од најголемите нуклеарни сили во светот“.

Според последниот годишен извештај на СИПРИ објавен во јуни минатата година, Русија располага со повеќе од 6.255 од вкупно 13.080 нуклеарни боеви глави колку што ги имаат сите девет нуклеарни сили во светот. Во својот арсенал САД располагаат со 5.550 нуклеарни боеви глави.

Смит ги отфрла аргументите со кои се тврди дека нуклеарниот арсенал во светски рамки придонесува за меѓународна стабилност.

-Луѓето кои со посочуваат тој аргумент треба да ја имаат предвид моменталната нестабилност што ја преживуваме и да разберат дека нуклеарното вооружување не придонесува кон стабилност. Напротив, придонесува кон недоверба, сомнеж, непријателство, нестабилност, оценува директорот на СИПРИ, Ден Смит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…