Објавено на:

СИРИЗА: Го осудуваме новото „провокативно“ прекршување на Договорот од Преспа

t

Грчката опозициска партија СИРИЗА, на чие чело некогаш беше Алексис Ципрас кој заедно со неговиот колега Зоран Заев го постигнаа Договорот од Преспа, категорично го осудува, како што вели, новото провокативно прекршување на Договорот овојпат од претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тие упатуваат повик до него конечно да се усогласи со меѓународното право, се вели во вечерашното партиско соопштение.

Тие потсетуваат дека за непочитување на договорот предвидени се санкции што произлегуваат од меѓународното право при континуираното прекршување истиот.

Потсетуваат и дека Договорот е предуслов за членство на Северна Македонија во Европската Унија и паралелно упатуваат апел, но и критики до актуелната грчка Влада да ги преземе потребните активности како што е предвидено со Договорот од Преспа и веднаш да го интернационализира прашањето со што новото раководство на Северна Македонија ќе се соочи со своите одговорности пред меѓународната заедница во случај да продолжи со непочитување на договореното.

Велат дека и Владата на Нова Демократија сноси одговорности поради „нејзината неодговорна надворешна политика“, бидејќи, како што посочуваат не направила ништо во одредени области како што се ратификација на меморандумите и свикување на Високиот совет за соработка, но и „не извршила притисок за да гарантира дека Северна Македонија ќе ги спроведе своите обврски за учебниците, трговските марки, пасошите и регистарските таблици“.

-Единствено што направи во изминатите години беше да избегне каква било активна вмешаност со Договорот за да ја одржи внатрепартиската рамнотежа, велат од грчката опозициска партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…