„Сири“ снимала приватни разговори – „Епл“ ќе плати 95 милиони евра, ги заработува за само девет часа

t

Американскиот технолошки гигант „Епл“ се согласи да плати отштета од 95 милиони долари во тужба поднесена бидејќи гласовната асистентка интегрирана во производите на компанијата, „Сири“, снимала приватни разговори, јави „АП“.

Спогодбата е поднесена во вторникот во федералниот суд во Оукленд, Калифорнија и чека на одобрување од американски окружен судија.

Разговорите наводно биле снимани дури и кога луѓето не сакале да го активираат виртуелниот асистент со зборовите за активирање, односно лозинката: „Еј, Сири“. „Епл“ потоа ги споделувал снимените информации со компаниите кои се рекламираат кај компанијата, за да ја зголеми веројатноста дека луѓето на кои им се пласира огласот ќе ги купат конкретните стоки и услуги, се вели во тужбата.

Во неа се додава дека „Епл“ „често снимал“ разговори откако гласовниот асистент бил ненамерно активиран. Групата тужители тврди дека им биле понудени патики „Ер Џордан“, понуда од ланецот ресторани „Олив Гарден“, па дури и одреден тип на хируршки третман, односно за она што разговарале со лекари.

„Ројтерс“ објави дека спогодбата од 95 милиони долари е вистинска ситница за компанијата, затоа што „Епл“ тие пари ги заработува за само девет часа. Компанијата објави добивка од 93,74 милијарди долари минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Сири“ снимала приватни разговори – „Епл“ ќе…

Американскиот технолошки гигант „Епл“ се согласи да…

Епл ќе претстави паметни телефони без користење…

Американската корпорација Епл се подготвува да лансира…