Сиромаштија во над половина од семејствата

t

Над половина од семејствата во државата живеат во сиромаштија покажуват податоците на ДЗС за претходната година. Според овие податоци секој 5 ти граѓанин во државата е сиромашен . Дел од синдикатите пак велат дека ваквите податиоци се очекувани а причината е брзото растење на цените на продуктите а бавното и незначително зголемување на платите или слабата куповна моќ која ја имаат македонските граѓани

Во просек секој петти граѓанин во државата живее во сиромаштија а според последните податоци на ДЗС за претходната година стапката на сиромаштија во земјата изнесува 21 , 9 %. Најизразена е кај децата до 17 години каде процентуалноста пак достигнува 29, 5 % што укажува на тоа дека речиси една третина од младите деца живеат во сиромаштија. Кај вработените лица, стапката на сиромаштија во 2024 година изнесува 7,9 проценти, што укажува на присуство на т.н феномен на „сиромашни вработени“ – лица кои и покрај тоа што имаат работа, остваруваат приходи под прагот на сиромаштија.

Стапка на сиримаштија за 2024

Просечна стапка на сиромаштија 21, 9 %
Кај деца до 17 години 29, 5 %
Вработени лица 7,9 %
Во интервју за Радио Слободна Европа пак Слободан Трендафилов од ССМ вели дека сето ова е резултат на слабата куповна моќ поради брзото и енормно растење на цените на производите а бавното и незначително зголемување на платите но и обидите на власта како што вели да ги скрати платите и на оние вработени кои се во нешто подобра позиција од минималната

Осврнувајќи се на ваквата политика на владата која не им оди во корист на работниците Трендафилов додава дека и токму тоа е причината поради која дури 10 проценти од работниците во Хрватска се македонски државјани кои заминуваат од државата .

Податоците на ДЗС исто така икажуваат на и на тоа дека стапката на сиромаштија кај пензионерите е 12 % што пак укажува на ранливоста на оваа популација во услови на зголемени трошоци на живот .

Анализата според типот на домаќинства покажува значителни разлики. Најранливи се самечките домаќинства и оние со издржувани деца. Освен самохраните родители, висок ризик од сиромаштија е забележан и кај домаќинствата со двајца возрасни и три или повеќе деца, каде што 54,8 проценти од членовите живеат под прагот на сиромаштија.

Кај семејствата составени од двајца возрасни и две издржувани деца, стапката на сиромаштија изнесува 17,1 процент. За оваа категорија, прагот на сиромаштија е утврден на 374.400 денари годишно, односно околу 6.100 евра.

Кај возрасната популација од 18 до 64 години и кај лицата на возраст од 65 години и повеќе, стапките се нешто пониски, но родовите разлики и понатаму евидентни .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиромаштија во над половина од семејствата

Над половина од семејствата во државата живеат…

Кочанска трагедија – граѓаните се надеваат на…

Кочани учи да живее со болката и…

Ведро, но студено утро време, сончев ден…

Времето утре наутро ќе биде ведро и…

Руте: Само Трамп може да го натера…

Американскиот претседател Доналд Трамп е единствениот кој…