Сите го критикуваат, АМА ПУТИН НЕ ГО ДАВА..

t

Сергеј Шојгу е руски министер за одбрана од 2012 година, кога на таа функција го замени Анатолиј Сердјуков. Причина за смената на чело на Министерството за одбрана беше незадоволството од слабата реакција на руската армија во конфликтот со Грузија. Зад тоа беше борбата за власт во Русија, поради што Владимир Путин го избра „независниот“ Шојгу.

Од почетокот на конфликтот во Украина, Шојгу е критикуван за неуспехот на руската војска. На Запад го критикуваат затоа што само неколку дена пред почетокот на специјалната воена операција го уверил Бен Валас, британскиот министер за одбрана, дека Русија нема да влезе во конфликтот.

Забележано е и дека на 29 август 2021 година изјавил дека Русија не ја гледа Украина како закана.

На домашен терен, во Русија, Шојгу е се почесто критикуван дека тој, како прв човек на одбранбениот систем на најголемата земја во светот, лично е виновен за неуспесите.на фронтот. Во тие критики се наведува дека е кариерист и дека го нема потребното воено образование.

Навистина, Шојгу го има највисокиот руски чин, армиски генерал, но дипломирал градежен инженеринг. Тој ги доби своите воени чинови во име на успехот во трансформацијата на советската цивилна заштита и служба на чело на Министерството за вонредни ситуации.

Заклучокот е дека многумина во Русија очекуваа Шојгу да биде сменет.

И покрај тоа, неговата позиција не е загрозена бидејќи е еден од најблиските соработници на Путин. Затоа критиките се повеќе се насочени кон претседателот на Русија. Како што се слуша, Путин го смени Сердјуков за многу помалку грешки и дека дури сега се гледаат лошите резултати на десетгодишното раководење на Шојгу со Министерството за одбрана.

Шојгу дури има лични врски со Украина. Неговата мајка, Русинка, е родена во градот Стаканово, во Доњецк. Затоа тој лично не еднаш отишол во областите каде што се водат борбите. Неговите противници го обвинуваат дека не е чист Русин. Неговиот татко му припаѓа на турското племе Туван.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…