Сите не’ поддржуваат: Силна поддршка од Хрватска на евроинтегративниот пат на Македонија
Премиерот Димитар Ковачевски одржа билатерална средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Прага во рамки на првата средба на Европската политичка заедница, информираат од Владата на Република Македонија.
– На средбата двајцата премиери дискутираа за предизвиците околу светската енергетска криза, предизвикана од воената агресија врз Украина, европскиот пат на Македонија, како и важноста на почетокот на пристапните преговори.
Пленковиќ истакна дека Хрватска е подготвена да продолжи да ѝ помага на Македонија во реформите и во исполнување на потребните услови за членство во ЕУ.
Премиерот Ковачевски го нагласи задоволството од добрите економски односи меѓу Хрватска и Македонија и истакна дека во пријателска Хрватска имаме искрен партнер, традиционален поддржувач на нашите аспирации за интегрирање во европското семејство.
Двајцата се согласија дека само заеднички и со интензивирање на регионалната соработка можеме да ја пребродиме светската енергетска криза, соопштија од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наместо на одмор, младите Босанци одат на…
Значително повисоките плати за истата работа, но…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…