Сите освен Таче биле на конгресот на СИРИЗА: Маричиќ се пофали – Договорот од Преспа е симбол на прогресивни политики

t

Договорот од Преспа е симбол на храбри и прогресивни државнички политики кои обезбедија стабилност, развој и прогрес, за нас и генерациите кои доаѓаат, напиша вечерва вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот фејбук-профил.

-Сириза и СДСМ како сестрински партии со храбри одлуки и преку солидарност, прогресивни политики и искрено пријателство го вратија духот на соработката во Југоисточна Европа и на Западен Балкан.

Подадената рака на помирување на двете држави и народи, денес значи силно силно сојузништво во НАТО, 100 отсто поддршка на нашата земја на европскиот пат и меѓусебна почит, напиша Маричиќ, кој присуствуваше на третиот Конгрес на СИРИЗА во Атина.

Подобрата иднина, како што наведе, ја носат партиите од левицата и од социјал-демократското политичко семејство.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девет актуелни пратеници од СИРИЗА ја напуштија…

Групата од СИРИЗА предводена од кандидатката за…

Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…

Европската Унија работи на паралелни реформи во…

Мицотакис му честитал на Каселакис и го…

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор…

Стефанос Каселакис е новиот лидер на Сириза

Поранешниот министер и новодојденец на грчката политичка…

Кој ќе го наследи Ципрас: Каселакис и…

Со 45,47 отсто од гласовите, Стефанос Каселакис…