Сите пријатели на Мицкоски… Трамп, Вучиќ, претседателот на Унгарија со честитки за 3 март – Денот на Санстефанска Бугарија

t

Американскиот претседател Доналд Трамп во име на Американците им го честита националниот празник на Бугарија 3 март и му посака на бугарскиот народ среќа и просперитет.

На 3 март 1878 година инаку е формирана Санстефанска Бугарија, со која цела територија на Македонија се вклучува во составот на бугарската држава.

– САД и Бугарија имаат долга историја на соработка како пријатели и сојузници, напиша американскиот претседател во своето писмо до шефот на бугарската држава. Доналд Трамп забележува дека Бугарија како вреден партнер заедно со САД има важна улога во унапредувањето на напорите за постигнување одржлив крај на војната во Украина и во обезбедувањето сигурно, доверливо и достапно снабдување со енергија, стои во честитката од Трамп.

Во честитката по повод државниот празник на Бугарија, кралот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Чарлс Трети, го изразува своето задоволство од силните врски што ги споделуваат нашите две земји и се радува на последователното зајакнување на пријателските односи. „Мојата сопруга и јас со задоволство ви испраќаме најдобри желби до вас и до сите Бугари оваа година“, се вели во честитката на кралот Чарлс III.

Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, во негово име и во име на своите сонародници му го честита 3 март на бугарскиот народ. Пријателските односи меѓу нашите земји, особено разновидните директни врски меѓу нашите граѓани, се важни за зајакнување на европската заедница, посочува германскиот претседател и посочува дека билатералните односи сега можат дополнително да се продлабочат по целосното пристапување на Бугарија во Шенген зоната. Франк-Валтер Штајнмаер ја истакнува важноста на солидарноста кон заедничките демократски вредности и безбедноста во рамките на Европската Унија и НАТО во актуелната геополитичка ситуација.

Историските и културните врски меѓу Бугарија и Унгарија поставуваат добра основа за понатамошен развој на нашата билатерална соработка, рече унгарскиот претседател Тамаш Шујок во честитката до Румен Радев. Шефот на унгарската држава додава дека успешното пристапување на Бугарија во Шенген зоната ќе даде дополнителен поттик на нашето партнерство, олеснувајќи го продлабочувањето на економските и човечките контакти.

Република Србија високо ја цени соработката со Република Бугарија и сака таа да се развива со висок интензитет и во ист дух на меѓусебно разбирање и почитување во интерес на нашите граѓани како и досега, истакна српскиот претседател Александар Вучиќ во честитката до шефот на бугарската држава. Александар Вучиќ посочува дека продлабочувањето на добрососедските односи придонесува како за гарантирање на стабилноста и напредокот на двете земји, така и на регионално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…

Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…

Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…

Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…

Пациентите од Кочани пренесени во Бугарија се…

Тешка е состојбата на настраданите од трагичната…

Бугарија утрешниот ден го прогласи за ден…

Премиерот на Бугарија, Росен Жељазков изјави дека…

СЕМЕЈСТВАТА НА ПОВРЕДЕНИТЕ КОИ СЕ ВО БУГАРИЈА…

Доколку семејствата на повредените лица кои се…