“Сите се правници” – И Павле Трајанов реши да коментира одлуки: Имаме некредибилен судски систем кој носи селективни одлуки
Мислам дека големи беа очекувањата и повеќето експерти, луѓе кои се бават со овие проблеми и адвокати очекуваа дека судот ќе се произнесе по аболицијата донесена од Ѓорѓе Иванов, меѓутоа тоа не се случи. Тоа значи дека судот во Стразбур, согласно коалицијата за човекови права, донесе одлука, а не пресуда, и одлуката се однесува на тоа дека прво оние кои поднесоа апликација околу аболицијата од Ѓорѓе Иванов треба прво да ги искористат домашните судски инстанци. Тоа значи дека уште неколку години ќе можат нашите судски институции да решаваат по предметите и веројатно дека според новата постапка која се води за сите предмети, вклучително и за оние кои е веќе пресудено, сигурно дека ќе бараат нашите судови да се произнесат во врска со аболицијата од Ѓорѓе Иванов – дали е таа поништена или е важечка, изјави во гостување на Телевизија 24 претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов.
„Инаку, според експертите и тоа што денес успеав да се консултирам со некои познавачи на таа материја, ако донесе претседател на држава одлука за помилување, аболиција, дека таа е конечна и дека нема судска инстанца која што може да расправа за таа одлука и затоа сега судот во Стразбур умешно тој процес го менаџира. Нема одлука за аболицијата туку има одлука за апликацијата и за неискористеност на сите правни и легални работи внатре во македонските судови. Така што ќе добијат доволно време за да ги завршат поголем дел од судските процеси“, наведе Трајанов.
Тој истакна дека имаме некредибилен судски систем којшто селективно постапува.
„Ние имаме некредибилен судски систем којшто селективно постапува и јас во оваа насока само сакам да посочам дека расправата која ја имаме во парламентот и пошироко помеѓу коалиционите партнери бидејќи не започнаа реформи во правосудниот систем и во таа насока на реформи, подготвен е закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка. Беше договор со господинот Заев, тоа тој неколку пати го најавуваше, дека ќе обезбеди правна рамка за фер судење. За сите тие што се судени неосновано ќе даде шанса да се преиспитаат фактите и доказите“, подвлече Трајанов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…
Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…
Вака се стабилизира Влада: Претседателот на огранокот…
Струмичкиот бизнисмен Столе Лазаров, сопственик на неколку…
Трајанов пак ја тpece Владата на Ковачевски:…
Помалите парламентарни партии кои се дел од…
Павле Трајанов повторно го тpece мнозинството: Од…
Заедно со другите помали партии одамна бараме…