Објавено на:

Сити ја освои ЛШ и ја обедини „триплетата“!

t

Фудбалерите на Манчестер Сити на Пеп Гвардиола го исполнија сонот и станаа европски прваци! „Граѓаните“ во финалето на Лигата на шампионите, го совладаа Интер со 1-0 (0-0). Пресметката на „Ататурк“ во Истанбул ја одлучи голот на Родри во вториот дел, а „нераѕурите“ имаат за што да жалат, бидејќи имаа неколку колосални шанси. Сепак, сонот на Пеп се оствари, Сити го крена трофејот во елитното натпреварување, а ја обедини и „триплетата“.

Симоне Инзаги и Пеп Гвардиола ги одбраа тимовите како што се најавуваше. Без изненадувања, со сите расположливи адути двајцата тренери ќе тргнат во големото финале. Кајл Вокер остана на клупата за резерви, а Аке се врати во тимот по неиграњето на полуфиналето против Реал во Манчестер. Кај Интер пак, во стартниот состав се врати Брозовиќ на местото на Михтарјан, додека Џеко пак доби предност пред Лукаку.

Стартот на натпреварот беше апсолутно израмнет, се играше главно на средината од теренот. Иако се очекуваше Сити да доминира, Интер беше одлично поставен на тактички план, па беше целосно рамноправен, дури на моменти и поконкретен. Во воведните минути опасен и неочекуван удар упати Бернардо Силва, крај стативата. Претпазливоста беше главна одлика на двата тима, па вистинските шанси изостанаа. Најголемата закана ја имаше Ерлинг Халанд, кој по одлична топка низ одбраната го претрча Бастони, ама биеше директно во голманот Онана. Голем пех за Сити беше повредата на Кевин Де Брујне. „Мозокот“ на тимот по 36 минути игра беше заменет бидејќи не можеше да го продолжи дуелот.

Вториот дел тргна подобро за Интер, бидеќи италијанската екипа повеќе ја имаше топката во опасниот предел. Мали проблеми за Инзаги беше фактот дека Џеко се пожали на повреда, меѓутоа веројатно и онака беше планирано во игра да влезе Ромелу Лукаку. „Нераѕурите“ имаа колосална шанса за да поведат во финалето. Голем кикс направи Мануел Аканџи, откако пропушти топка мислејќи дека Едерсон е близу. Неа ја собра Лаутаро Мартинез и излета во зицер шанса пред голот на Сити, меѓутоа долго размислуваше па биеше само во голманот. По ова промашување, бргу пристигна казната на спротивната страна. Течеше 68. минута кога по една мешаница и уфрлена топка на пеналтикот од Бернардо Силва, небранет на неа налета Родри и ја смести во мрежата за 1-0.

Интер не се предаде, бргу имаше шанса да се врати до егал, меѓутоа немаше доза на среќа. По центаршут со глава се обиде Димарко, топката заврши во пречката и пак се одби до бекот. Сепак, во вториот обид кога патот до мрежата му беше почист, Димарко го погоди Лукаку кој како столб се појави пред него. На спротивната страна најголемата шанса ја имаше Фил Фоден. Одличниот офанзивец направи слалом низ одбраната на Интер, меѓутоа ударот му беше млак и во рацете на Онана. До крајот на мечот Интер притисна и се обиде да се врати во целост, меѓутоа не успеа во тоа. Неверојатно промашување имаше Ромелу Лукаку, кој од пет метри со глава го погоди голманот Едерсон.

Сити на Пеп се одбрани во Истанбул, не му дозволи на Интер да израмни и се радува на првиот трофеј во историјата.

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Закана за бомба на аеродромот во Манчестер…

Британската полиција и пожарникарските екипи ја преполнија…

(Фото+видео) Масовни протести за поддршка на Палестина…

Пропалестински протести се одржуваат низ Велика Британија,…

Сити ја освои ЛШ и ја обедини…

Фудбалерите на Манчестер Сити на Пеп Гвардиола…

Почнува „операција“ за кам-бек во Интер на…

Ромелу Лукаку по само една сезона во…

Лудо финале во Рим, Интер по продолженија…

Фудбалерите на Јувентус не успеаја да го…