Објавено на:

Ситуацијата ескалираше: Целиот екипаж по низата самоубиства преместен од носачот на авиони „Џорџ Вашингтон”

t

Повеќе од 200 членови на морнарицата се префрлени од носачот на авиони „Џорџ Вашингтон”, откако неколку членови на екипажот извршиле самоубиство, соопшти американската морнарица.

Морнарите биле префрлени во објект на американската морнарица, но носачот на нуклеарен погон продолжил да плови кон бродоградилиштето Њупорт Њуз во Вирџинија, каде што ќе биде поправен.

Во претходните 12 месеци загинаа седум членови на екипажот, од кои четворица се самоубија, поради што американската морнарица покрена истрага.

Командантот на носачот Брент Гот донесе одлука да им дозволи на морнарите кои живеат на бродот да се преселат во други објекти. На првиот ден од преместувањето, кое почна во понеделникот, повеќе од 200 морнари го напуштија носачот на авиони и останаа во блискиот воен објект. Капацитетот на бродот е околу 5.000 луѓе, но на него сè уште има околу 2.700 вработени морнари кои ќе работат за време на ремонтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија осуди фотограф на 16 години затвор…

Руски суд во четврток соопшти дека го…

Денеска се празнува Светиот пророк Елисеј

Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ…

Метео: „Пекол“ со 39 степени претпладне, попладне…

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…

Како МВР е надлежно да поднесува кривична…

Три градови во БиХ урнаа рекорди –…

Босна и Херцеговина денес беше погодена од…