Сијарто: Русија не е на колена, санкциите пропаднаа
Односите меѓу Европа и Русија по конфликтот во Украина можат да бидат како досега, изјави министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто по преговорите со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.
„Се разбира, прво мора да се постигне мир. Ако има мир, мислам дека има надеж. Се сеќавам дека идејата за трговска зона од Лисабон до Владивосток беше дискутирана порано. И можеме да се вратиме на таа идеја, ако се свртиме кон принципите на меѓусебно почитување. Би сакал тоа да се случи, тоа е во наш заеднички интерес“, рече Сијарто.
Тој посочи дека преговорите со Лавров се одвивале во атмосфера на взаемно почитување и потсети дека неговата земја се залага за дипломатско решение на ситуацијата во Украина.
Сијарто истакна дека Унгарија не верува дека решение може да се постигне на бојното поле, туку на преговарачка маса.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…