Сијарто: Светот не се состои само од Европа и Америка, земјите од Истокот станаа двигател на економски промени
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто рече дека светот не се состои само од Америка и Европа и дека земјите од Истокот станале двигател на економските промени во светот.
„Потребно е да се признае дека оваа светска криза уште посилно потврди дека ветровите на големите промени во светската економија денес недвосмислено дуваат од исток. Ситуацијата е таква што спојувањето на западната и кинеската економија е факт“, рече Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија посочи дека на либералната политика ѝ недостига почит кон другите земји и дека унгарската политика која се заснова на почитување е ценета во повеќето земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сијарто: Најголемо проширување на ЕУ за време…
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер…
Сијарто: Европската унија не ја фрли Русија…
Санкциите против Русија не ја уништија економијата…
Сијарто: Унгарија не може да биде поткупена…
Унгарија не може да биде поткупувана или…