Сијарто: Унгарија нема намера да ги прекине контактите со Москва
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за руската државна новинска агенција рече дека Будимпешта нема намера да ги прекине контактите на високо ниво со Москва и дека сите средства за комуникација мора да останат отворени.
„Унгарија очигледно е во контакт со руските лидери и тоа се подразбира. Јас лично сум во контакт со моите руски колеги – министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, вицепремиерот за енергетика Александар Новак и вицепремиерот за индустрија и трговија Денис Мантуров. Каналите на комуникација мора да бидат отворени бидејќи ако ги прекинеме, тогаш ја намалуваме шансата за мир во иднина. Како и да е, ќе моравме да разговараме еден со друг. Ние веруваме дека дипломатијата е способност да разговарате еден со друг, дури и во сложени околности, дури и кога не се согласувате за сè. Не е голема работа да разговарате со оние со кои се согласувате во сè“, изјави Сијарто.
Според него, секогаш има сфери кои не подлежат на режимот на санкции. На прашањето дали Унгарија ќе ја подобри соработката со Русија во областите кои не се засегнати од европските санкции, Сијатро одговара потврдно и вели: „Секогаш кога ќе има потреба за тоа, ќе разговараме“.
„Унгарија е отворена за тоа. Минатиот пат унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг кога требаше да разговараат на оваа тема, додаде Сијарто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Николоски од Будимпешта: Одличната соработка со Унгарија…
Заменик претседателот на Владата и министер за…
Муцунски: Се заблагодарив за брзата реакција од…
Поддршка од Унгарија за справување со пожарите.…
Унгарија ќе ѝ помогне на Македонија со…
Унгарија ќе ѝ помогне на Македонија со…
Унгарија тајно зела кинески заем од една…
Унгарската Влада тајно позајмила една милијарда евра…