Сијарто: Унгарскиот МОЛ би можел да земе удел во српскиот НИС
Унгарската нафтена и гасна компанија МОЛ би можела да стекне удел во српската компанија НИС, која бара решение за да биде ослободена од санкциите на САД, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
„Во Србија, мнозинскиот сопственик на нафтена компанија е руски или мнозински руски капитал и врз нив се воведени санкции, па затоа и Србите мора да преземат нешто. И теоретски, МОЛ би можел да игра улога во тоа, бидејќи е една од најсилните енергетски компании во регионот“, рече Сијарто во емисијата „Час на вистината“.
Српската министерка за енергетика Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ во саботата објави дека САД побарале Русија да се откаже од сопственоста врз НИС за да бидат укинати санкциите и дека на компанијата ѝ дале рок до 13 февруари. Српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредна владина седница изјави дека сака по секоја цена да ја избегне национализацијата на НИС и дека Русија и потенцијалните нови ко-сопственици сè уште имаат една недела да донесат одлука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сијарто: Унгарскиот МОЛ би можел да земе…
Унгарската нафтена и гасна компанија МОЛ би…
Српската влада ќе заседава секојдневно поради санкциите…
Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут на седница…
Вучиќ: Решение за НИС во следните седум…
Српскиот претседател Александар Вучиќ нагласи дека одлуката…
Српската министерка за енергетика е подготвена да…
Во врска со ситуацијата во врска со…
Итна седница на српската Влада по американскиот…
Денес во Палатата на Србија ќе се…