Сиљановска Давкова го помилува Владимир Талески, ќе излезе од затвор една година порано
Претседателката Гордана Силјановска Давкова, по укажување на Комисијата за помилување, го помилувала поранешниот градоначалник на Општина Битола, Владимир Талески, кој требаше да одлежи уште една година затвор за случајот „Транспортер“, објави „ТВ21“.
Талевски еднаш веќе беше помилуван, од страна на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, во поништената колективна аболиција на 56 луѓе, главно политичари и функционери на поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Талевски е осуден за финансиски злоупотреби за превоз на ученици, во предмет кој го водеше тогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО).
По измените на законот за аболиција, Талевски сам побара да се повлече одлуката за негова аболиција. Во меѓувреме поднесе претставка до европскиот Суд за човекови права во Стразбур, а судот ги отфрли неговите наводите, упатувајќи го да ги исцрпи сите правни средства во Македонија.
По измените на Кривичниот законик лани, кои ги донесе власта на СДСМ и ДУИ, казните за делото за кое беше осуден Талевски се намалија, поради што сега Комисијата за помилување сметала дека на овој начин треба да се намали и казната на осудениот поранешен битолски градоначалник. Во 2022 година, Апелациониот суд донесе правосилна пресуда за случајот во кој Талески беше осуден на седум години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања во организирање на бесплатниот училишен превоз, но бидејќи во куќен притвор мина три години, за одлежување во затвор му останаа уште четири.
Во овој случај имаше и конфискација на нелегално стекнати пари, во износ од над половина милион евра. Неговиот некогашен соработник од Општина Битола, секретарот Слободан Бончановски, за истото кривично дело беше осуден на пет години и шест месеци затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Проф. Шасивари: Одлука за помилувања не може…
Универзитетскиот професор Јетон Шасивари во изјава за…
Левица: Филков должи одговор за помилувањата на…
Одлуката за помилување на прочуени криминалци докажува…
Сиљановска Давкова го помилува Владимир Талески, ќе…
Претседателката Гордана Силјановска Давкова, по укажување на…
Апасиев: Осудените за 27 април треба да се помилуваат преку помилување „ин конкрето”
Осудените за 27 април треба да се…
Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…