Сиљановска-Давкова гo прими градоначалникот на Тетово

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска гo прими градоначалникот на Тетово, Билал Касами кој ја покани на македонската вечер во рамките на годинашната културно-уметничка и спортска манифестација „Тетово прославува – Тетовско културно лето 2025“.

На средбата, Касами ги претстави неговите заложби за развој и афирмација на културната димензија и спортот заради задоволување на потребите на младите и јакнење на меѓусебната почит.

Исто така, градоначалникот ја запозна со изградбата на школските базени и ја потенцираше важноста од изградба на пречистителна станица преку ИПА фондовите, како најважна за заштита на водите.

Претседателка ја истакна важноста од решавањето на проблемите врзани за младите и за животната средина и екологијата, како на локален, така и на централен план.

За претседателката, локална самоуправа е клучна во решавањето на најважните проблеми на граѓаните врзани за локусот и за развојот на демократијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова гo прими градоначалникот на Тетово

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска гo прими градоначалникот…

Се судрија автомобил и комбајн на патот…

Попладнево се случила сообраќајна несреќа на патот…

ВМРО-ДПМНЕ не ја дава, Арсовска пак бара…

Скопската градоначалничка Данела Арсовска повторно бара градските…

Вработен земал поткуп во клиничката болница во…

Министерството за здравство најостро го осудува секој…

Кочанска трагедија – 10 милиони се уште…

Поминаа четри месеци од пожарот во кочанскиот…