Сиљановска-Давкова: Родово одговорното буџетирање е системско решение за општествените потреби
Претседателката истакна дека родовата еднаквост и климатската отпорност се темел на иднината, а одржливите решенија за овие предизвици ќе бидaт од суштинско значење за владите, како и за општествата во целиот регион.
„При секое планирање на државниот буџет мора да се има предвид родовата димензија, ако сакаме да бидеме просперитетни“, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на отворањето на меѓународниот форум „Одиме Глокално 2.0: Одржлива родово одговорна иднина“, што денеска и утре се одржува во Скопје.
За неа, родово одговорното буџетирање е трансформативен инструмент, како системска промена на начинот на којшто државата ги гледа, ги разбира и ги решава општествените потреби.
Претседателката истакна дека родовата еднаквост и климатската отпорност се темел на иднината, а одржливите решенија за овие предизвици ќе бидaт од суштинско значење за владите, како и за општествата во целиот регион.
Таа ја нагласи и важната улога на граѓанските организации, локалните власти и руралните заедници, коишто се на првата линија на адаптацијата кон климатските промени и справувањето со нив.
Според претседателката, родово одговорното буџетирање не е само техничка процедура, туку алатка за добри политики и добро буџетирање, креирани во транспарентна постапка со отчетност и правичност во јавната потрошувачка.
Сиљановска-Давкова смета дека како мала економија не можеме да си дозволиме луксуз на непланирано трошење и изрази очекување за институционализација и примена на родово организираното буџетирање.
На настанот, организиран од Мрежата за родово одговорно буџетирање и Центарот за истражување и креирање политики, се обратија и амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, заменик-амбасадорката на Шведска, Елизабет Далберг Фриск, Андреј Лепавцов, директор во Директорат за Европска Унија во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Марија Ристеска, регионална директорка на Мрежата за одговорното буџетирање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова: Родово одговорното буџетирање е системско решение…
Претседателката истакна дека родовата еднаквост и климатската…
Изгласан најробустниот буџет во историјата на Македонија…
По неполни два дена расправа, пратениците го…
САД ќе ги објават тајните списи за…
Американски сојузен судија во Њујорк одобри Министерството…
Пеевски. и Борисов надвор од власта: Илјадници…
Огромна толпа граѓани се собраа на уште…
Пивоваров: Најдобро е премиерот Мицковски да упати…
Дали британските медиуми шпекулираат или власта не…