Сиљановска-Давкова се сретна со Гордан Јандроковиќ: Хрватското евроинтеграциско искуство е релевантна лекција за нас

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, кој е во официјална посета на земјава.

Обајцата, како што соопшти претседателскиот Кабинет, се потсетиле на заедничките почетоци на евроинтеграцијата пред дваесет години, но со целосно различен исход.

За претседателката, хрватското евроинтеграциско искуство е релевантна лекција за нас и Хрватска, како наш докажан пријател може многу да ни помогне со научените лекции во процесот на евроинтеграцијата.

Сиљановска-Давкова ја истакнала нашата готовност да се фатиме во костец со Копенхашките предизвици, доколку не бидеме заглавени во бесмислените билатерални спорови, што се реална закана не само за нас и регионот, туку и за проширувањето на ЕУ.

Претседателот на Саборот на Хрватска изразил став дека заканата со вето од соседите не е фер и дека Хрватска ќе остане наш верен пријател со големо разбирање и поддршка за нас.

Претседателката и претседателот на Хрватскиот Сабор ја потенцирале грижата за македонското малцинство во Хрватска и хрватското во Македонија, коишто прераснале во цврсти мостови на заемна доверба и соработка.

На средбата станало збор за драматичните промени во светскиот поредок, како и за ранливата безбедносна состојба во европски и светски рамки со заложба за трајно руско-украинско мировно решение.

Средбата, како што е наведено во соопштението, завршила со согласност да продолжат, да се прошират и продлабочат македонско-хрватските односи во сферата на политиката, економијата, културата, туризмот и спортот.

Претседателката испратила топли поздрави до претседателот на Хрватска кого го очекува во државна посета во мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…