Сиљановска Давкова: Солидарни сме со Бугарија по катастрофалната поплава

t

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази длабоко сочувство до бугарскиот народ поради катастрофалната поплава што ја погоди соседната земја.

„Веста за катастрофалната поплава длабоко ме вознемири мене и сите македонски граѓани. Солидарни сме со вас и со бугарскиот народ. Жалиме за жртвите и на нивните најблиски им изразуваме искрено сочувство. Со вас сме во овие тешки моменти и ги доживуваме како свои,“ напиша претседателката на социјалната мрежа X (поранешен Twitter), упатувајќи порака и до бугарскиот претседател преку означување на неговиот профил @PresidentOfBg.

Од Кабинетот на претседателката информираа дека Северна Македонија е подготвена да понуди помош и поддршка на бугарските власти, доколку биде побарана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска Давкова: Солидарни сме со Бугарија по…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази длабоко сочувство…

Филипче : Се бориме за 500 евра…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше…

Сијарто: Во Брисел и кај европските лидери…

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто…

Велешанецот осуден за кражба на ќебапи вo…

Речиси да нема некој во земјава, кој…

Харадинај: Курти е виновник за изолацијата на…

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово,…