Сиљановска-Давкова утре во посета на Бугарија

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе престојува во посета на Република Бугарија.

Во рамките на посетата претседателката Сиљановска-Давкова во Софија ќе оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, и ќе присуствува на настапот на Македонската национална опера и Балет, што во Софиската опера и Балет ќе ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди.

Во рамките на 52. Мајски оперски вечери претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на настапот на Софиската опера и Балет во Скопје, при што ги потенцира важноста и моќта на културната дипломатија како нераскинлив дел од меѓународната дејност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…