Сиљановска-Давкова: Цинизам и хипокризија е да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската Унија

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинешната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч, Албанија.

Укажувајќи на неодржливоста на предолгото чекање на Западен Балкан пред портите на Брисел, заради насушната потреба од проширување на ЕУ со сите европски држави во функција на зајакнување на нејзината улога, како и заради зголемување на отпорноста на трети влијанија, Сиљановска-Давкова истакна дека е цинизам и хипокризија да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската Унија.

Претседателката потенцираше дека годинава, за разлика од лани, Декларацијата е усвоена со консензус на лидерите на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“.

За неа, соработката е неопходна заради решавање на заедничките проблеми, како: егзодусот на младите, опасноста од стагнирање на економијата и надминување на безбедносните предизвици.

„Верувам во добрата волја, верувам во добрите намери, верувам во посветеноста на Хрватска и Словенија на процесот и нивната посебна одговорност кон регионот и неговото забрзано чекорење кон ЕУ“, заклучи претседателката Сиљановска-Давкова.

Иницијатори на „Процесот Брдо-Бриони“ се Хрватска и Словенија. Во процесот, покрај нас, вклучени се и: Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.

Претседателите на овие земји се состануваат најмалку еднаш годишно. Следниот состанок ќе се одржи во Хрватска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако гледате во телефон на пешачки, не…

Не се знае кога полицијата ќе почне…

Сиљановска-Давкова: Цинизам и хипокризија е да барате…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на…

Филипче: Тошковски да одговори зошто началници од…

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Венко Филипче,…

Фон дер Лајен следната недела во посета…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Мицкоски тврди дека во политиката влегол чесно…

Го слушам Венко Филипче како зборува дека…