Сиљановска Давкова: 34 години по независноста, сè уште водиме битка за суверена и европска држава
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста, потсетувајќи дека на референдумот во 1991 година граѓаните со огромно мнозинство ја крунисале вековната борба за самостојна и независна држава.
„Така, ние, македонските граѓани, ја крунисавме вековната борба на илинденците и партизаните со унитарна, независна и самостојна држава“, порача таа.
Сиљановска нагласи дека и по 34 години Македонија сè уште води битка за суверенитет, рамноправност и европска иднина, и покрај бројните внатрешни поделби, кризи и надворешни притисоци.
Таа додаде дека патот кон правото и правдата води преку европеизација на државата, силно граѓанско општество, слободни медиуми и почитување на знаењето и трудот на младите.
„Не сум се откажала и никогаш нема да се откажам од македонските национални интереси. Мора да продолжиме да ги реафирмираме и да се бориме за нив дома и надвор, на правен и политички, демократски начин“, порача претседателката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…