Сиљановска им се заблагодари на сите држави кои ни помагаат за гаснење на пожарите: Да не чекаме следно лето за да ги увидиме слабостите во системот

t

Ветрот кој дува и го менува правецот дополинтелно го отежнува и онака тешкото гасење, а теренот е исклучително тешко пристапен, истакна денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во изјава за медиумите заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

– Ако надвор е 40 степени, онаму кадешто гори температурата се качува до речиси 80 степени. Тоа е исклучително тешко, но секоја чест за нашите храбри војници, полицајци и пожарникари, истакна Ангелов кој објасни дека хеликоптерите имаат ограничување на летање на толку високи температури.

– Во моментов имаме 300 војници на располагање и нема ниту едно населено место коешто е загрозено, а имаме и припадници на ЕБР кои учествуваат во гаснење на пожарите, истакна Ангелов.

Претседателката Сиљановска упати јавна благодарност до сите земји кои ни помагаат да се справиме со пожарите и истакна дека не треба да се чека следното лето за да се најдат слабостите во системот и законот, за да бидеме подготвени за следните вакви непогоди.

– По вторпат сум на лице место, се разбира местото на претседателката како врховна командантка на воените сили е таму кадешто има војска. Верувам во нивната способност бидејќи секогаш кога било најтешко, тие се наоѓале на вистинското место. Не е само нашата Република во пламен, цел Балкан е во пламен. Кога ќе престанат пожарите, да не го чекаме следното лето, да го препрочитаме Законот, да видиме каде се слабите точки, можеби да промовираме некој региоанлен концепт на гаснење на пожари. Јас изразувам огромна благодарност до државите кои ни испратија помош. Мирна сум знаејќи дека генералот зад мене ќе ја преземе командата на војниците, знам дека се работи за врвни пилоти, пожртвувани и експерти. Јас се молам и да падне дожд, имаме потреба и од природна помош, истакна Сиљановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Сиљановска им се заблагодари на сите држави…

Ветрот кој дува и го менува правецот…

Емотивен статус на битолскиот пилот на „ер…

Васко Михалчев, еден од пензионираните пилоти на…

Штип бара поддршка од воздух за гаснење…

Пожарникарите, хеликоптерите, припарниците на АРМ и Полицијата,…