Сиљановска: Моето срце е со луѓето во БиХ, останете силни

t

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку „X“ испрати порака со поддршка до Босна и Херцеговина, по катастрофалните поплави што ја зафатија земјата, во кои досега загинаа повеќе од 20 луѓе.

„Моето срце е со луѓето во Босна и Херцеговина погодени од разорните поплави. Размислувајќи за погодените семејствата и надевајќи се на сила и брзо закрепнување за целата заедница. Останете силни“, напиша Сиљановска Давкова.

Утрото во најкритичните општини осамна со апокалиптични сцени – поплавени домови, патишта претворени во реки, урнати мостови, железнички пруги висат во воздух, а одроните и лизгањето на земјиштето сè уште претставуваат значителна опасност.

„Изутринава кога се разбудив и излегов на терасата, насекаде беше поплавено. Патот до Сараево и патот до Крешево се исто така поплавени. Тоа е хорор. Водата влезе во домовите на луѓето, се е уништено“, рече локален жител.

Федералните служби работат на извлекување и евакуација на граѓаните од загрозените подрачја, како и на санирање на огромните штети. Помош побарана и од меѓународната заедница.

„Ги повикувам сите граѓани кои можат, да помогнат во спасувањето на човечки животи, но и да не тргнуваат на пат, бидејќи патиштата не функционираат. Во моментов најважно е сите да работиме координирано“, изјави Адил Сута – министер за финансии на Херцеговачко – неретвански кантон.

Најкритична е состојбата во општината Јабланица, од која не може ниту да се влезе, ниту да се излезе по копнен пат, а не функционираат ниту мрежите на мобилните оператори.

„Побаравме помош од сите највисоки владини инстанци, но и од вооружените сили. Моментално работиме на тоа да испратиме хеликоптер во спасувачка мисија на едно дете во Јабланица“, изјави Марија Бухач, премиерка на Херцеговачко – неретвански кантон.

Поради силните ветрови и обилни дождови забележани и во соседна Хрватска, затворени се неколку патишта, а освен Босна и Хрватска, борба со надојдената вода се води и во Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Словенија стравува од поплави и одрони по…

Во Словенија денеска паѓа пороен дожд, поради…

Поплави во Велика Британија – автомобили се…

Делови од Велика Британија вчера беа зафатени…

Во Шпанија спасена жена која три дена…

Жената која три дена била заробена во…

Над 200 загинати досега во поплавите во…

Бројот на загинати во поплавите што ја…

Реал Мадрид донира еден милион евра за…

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Валенсија кој…