Сиљановска му до даде мандатот на Мицкоски – Има 20 дена да состави Влада
Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Вилата Водно му го додели мандатот за формирање на Владата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Со тоа од денес почнуаваат да течат и роковите за формирање на Владата, мандатарот во рок од 20 дена треба да му поднесе програма на Собранието и да го предложи составот на Владата, која треба да биде избрана од страна на Парламентот со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Се очекува новото владино мнозинство да го формираат ВМРО-ДПМНЕ со 58 пратеници, ВЛЕН со 14 пратеници и ЗНАМ со 6 пратеници. Опозиција остануваат СДСМ со 18 пратеници, Левица со 6 пратеници и ДУИ со 18 пратеници.
Владата би требало да биде формирана пред истекувањето на крајниот рок, а веќе постојат шпекулации за тоа која партија кои министерства ќе ги добие, меѓутоа официјална потврда се уште нема.
Според она што може да се дознае, победникот на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај, коалицијата „Твоја Македонија“, ќе управува со Министерствата за внатрешни работи, за финансии, за транспорт и врски, потоа Министерството за образование и Министерството за култура.
Кадар на ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи и со Министерствата за надворешни работи, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за локална самоуправа и со новото министерства за енергетика, рударство и минерални суровини.
Што се однесува до „Вреди“, според последните информации, оваа коалиција ги добива Министерството за животна средина и просторно планирање, а кадарот што ќе миинистерува со овој ресор треба да ја добие и функцијата вицепремиер.
На оваа коалиција ќе ѝ припаднат и Министерството за здравство и министерството за социјална политика, демографија и млади.
Министерството за економија и труд, исто така, оди во рацете на „Вреди“, заедно со секторот евроинтеграции, кој се очекува од секретаријат да прерасне во министерство. „Вреди“ добива уште еден министер без ресор, кој би бил задолжен за добро владеење и транспарентност.
Во финиш се и преговорите со ЗНАМ, партија која, според нашите информации, ќе добие две министерства – за правда и новото министерство за администрација.
Мицкоски вчера изјави дека сите ресори се договорени и дека договорен е, условно кажано и третиот ешалон, што значи директорски позиции.
Мицкоски вчера поднесе и предлог-измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа. За измени на ЗОРОДУ се потребни 80 пратеници. Левица вчера постави услов за поддршка на Законот, односно воведување на една изборна единица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Владата не објави ни соопштение: Започна процедурата…
Министерот за надворешни, здравство, енергетика, генералниот секретар…
Владата одлучи Пониква да биде рехабилитациски центар…
На денешната 82 редовна седница на Владата…
ГРОМ предлага: 500.000 евра за семејствата на…
ГРОМ има целосно разбирање за револтот на…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…