Сиљановска помилува осум лица, меѓу нив криумчар на мигранти, осудени за трговија со оружје и разбојнички кражби

t

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска помилува уште осум осуденици.

Согласно одлуката објавена во Службен весник, четири лица потполно се ослободуваат од казната, додека четири лица делумно се ослободуваат од казната.

Проблем е што повторно, претседателката помилува лица кои се осудени за тешки кривични дела.

Да почнеме со ред.

Потполно е ослободен од понатамошно извршување на казната Сенат Ибраим Фејзули, осуден за Разбојничка кражба од чл.238 ст.4 в.в. со ст.1 од КЗ. Во пресудата е објаснето дека Фејзули заедно со уште едно лице извршиле разбојничка кражба во трговски центар.

Потполно е ослободен и Сали Узеир Узеири, осуден за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по чл.396 ст.2 в.в. со ст.1 од КЗ.

Сабахудин Мујановиќ е осуден за тешка кражба од чл.236 ст.1 т.1 од КЗ.

Истото лице е во неколку наврати осудувано за истото дело.

Делумно ослободениот Аурон Лимани е осуден за кривично дело Криумчарење мигранти од член 418 б став 4 в.в. став 2 в.в. член 22 од Кривичниот законик.

Ова не е првпат претседателката да помилува лица кои сториле тешки кривични дела. Претходно Сиљановска помилува член на нарко-кланот Барон. Детали прочитајте на линкот во продолжение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска помилува осум лица, меѓу нив криумчар…

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова…

Објавен списокот на помилувани – Уставобранителите повторно…

Во службен весник објавена е одлуката на…

Сиљановска помилува седум лица – Во соопштението…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод новогодишните празници…

Проф. Шасивари: Одлука за помилувања не може…

Универзитетскиот професор Јетон Шасивари во изјава за…

Левица: Филков должи одговор за помилувањата на…

Одлуката за помилување на прочуени криминалци докажува…