Сиљановска: Потребно е креативно решение за надминување на бугарско-македонскиот спор
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера имаше работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија во земјава, организиран од унгарскиот амбасадор, Андраш Клајн.
Во пријателска атмосфера се дискутираше за актуелни домашни, регионални, европски и светски настани и процеси.
Акцентот беше ставен на македонските проблеми и препреки во евроинтеграцијата и на потребата од креативно решение за надминување на бугарско-македонскиот спор во духот на пријателството и добрососедските односи, со почитување на фундаменталните вредности и принципи на ЕУ.
Претседателката ја реафирмираше својата длабока верба, посветеност и решеност за спроведување на реформската агенда во согласност со копенхагенските критериуми, со активно партнерство со ЕУ.
Исто така, таа укажа дека билатерализацијата и преседаните се реална опасност за проширувањето.
Според неа, во амбиент на воени конфликти, проширувањето на ЕУ со државите од Западен Балкан, кои природно и припаѓаат на Европа: географски, историски и културно и водат заедничка надворешна и безбедносна политика со ЕУ е од заеднички интерес и го јакнее нивниот имунитет кон заканите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска: Потребно е креативно решение за надминување…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера имаше работен ручек со…
Бугарија ги евакуираше своите дипломати од Дамаск
Бугарските дипломати се евакуирани од амбасадата во…
340.000 пензионери во Бугарија ќе добијат божиќен…
Околу 340.000 пензионери ќе го добијат божиќниот…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Османи открива ексклузивни детали од преговорите:…
Како поминува времето ќе видат дека ниту…