Сиљановска со иселениците во Њу Џерси – ќе формира Совет за соработка со дијаспората

t

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската државна делегација која ќе учествува на Генералното собрание на ОН, денеска посетата на САД ја започна на литургијата во црквата Свети Никола во Тотова во Њу Џерси по повод празникот Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица. Претседателката на средбата со припадниците на македонската дијаспора во Њу Џерси најави дека наскоро ќе иницира формирање на Совет за соработка со дијаспората.

-Не случајно сум тука денеска меѓу вас. Мислам дека вие сте нашите најдобри амбасадори. Вие во најубава светлина ја претставувате татковината без оглед на верата. Затоа мислам дека многу важно е да имаме постојани контакти. Еден од органите што јас набрзо ќе ги формирам со мојот тим е Советот за соработка со дијаспората, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Како што кажа, дијаспората заслужува да учествува и во изборниот процес и во најважните одлуки, исто така и во креирањето на најважните одлуки и закони за иднината што ќе ја уредуваат.

– Мислам дека ова ќе биде првиот чекор за континуирана комуникација со дијаспората, советите се добредојдени, помошта и разбирањето се добредојдени, ама и ние дома не смееме да заборавиме дека нашата дома е и ваша дома, рече Сиљановска Давкова.

Претседателката заедно со припадници на нашата дијаспора присуствуваше на литургијата по повод празникот, а потоа имаше кусо обраќање и разговор со нив.

Не случајно, рече Сиљановска Давкова, македонскиот народ е библиски и тоа ќе не следи секогаш.

Посочувајќи дека ќе се обрати на Годишното собрание на ОН, претседателката кажа дека време е за длабоки реформи во Обединетите нации, кои што следната година одбележуваат 80 години.

Во САД официјално се регистрирани околу 72.000 македонски државјани, но се проценува дека се над 200.000.

Претседателката Сиљановска Давкова утре ќе се обрати на Самитот на иднината што ќе се одржи во седиштето на ОН, на тема „Мултилатерални решенија за подобро утре“ со учество на шефови на држави и влади. Претседателката ќе учествува и на Годишниот состанок на Платформата на жени – лидери на Генералното Собрание на Обединетите Нации, на тема „Еднакво учество на жените во процесот на донесување одлуки: обезбедување на мир, социо-економски можности, одржлив развој и човечко достоинство за сегашните и идните генерации“, додека на покана на Претседателот на САД, Џо Бајден ќе присуствува на состанок на тема „Глобална коалиција за справување со заканата од синтетички дроги“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна…

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во…

Зошто нашите иселеници враќаат најмалку пари во…

Податоците на Евростат покажуваат дека во текот…

Ги имаме првите бројки: 300 илјади Македонци…

Три месеци не се доволни за обработка…

Сте одбиле да се попишете? ДЗС Ве…

Најголемиот дел од населението е попишан, а…

Дијacпората со финансиска инekција од 360 милиони…

Дијаспората во текот на 2020 година испратила…