Објавено на:

Си-Ен-Ен: Пелоси смета дека Бајден не може да победи на претседателските избори

t

Поранешната претседателка на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, демократката Ненси Пелоси, неодамна му рече на претседателот Џо Бајден дека анкетите покажуваат дека тој не може да го победи републиканскиот ривал Доналд Трамп.

Според „Си-ен-ен“ таа, исто така, посочила дека Бајден би можел да ги уништи шансите на демократите да го освојат Претставничкиот дом, ако продолжи со кампањата за втор мандат, потврдија четири извори запознаени со овој разговор.

Во меѓувреме, американскиот претседател се спротивставил на овој став, велејќи и на Пелоси дека видел анкети кои покажуваат дека може да победи, а друг извор го опиша Бајден како „дефанзивен“ во однос на анкетите.

Се наведува дека во еден момент Пелоси го замолила Мајк Донилон, долгогодишен советник на Бајден, да се вклучи во разговорот за податоците од анкетите.

Ниту еден извор не потврди дека Пелоси му кажала на Бајден во разговорот дека верува дека претседателот треба да се откаже од трката во 2024 година.

„На претседателот е да одлучи дали ќе се кандидира. Сите го охрабруваме да ја донесе таа одлука бидејќи времето истекува“, рече Пелоси минатата недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Американскиот Конгрес изгласа почеток на процедурата за…

Домот предводен од републиканците усвои републиканска резолуција…

Бајден повторно фатен како чита одговори на…

Американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на…

Најнова вест: Спикерот Мајк Џонсон изјави дека…

Спикерот Мајк Џонсон изјави дека Домот денеска…

Бајден вети 200 милиони долари за Украина…

Американскиот лидер го повика Конгресот да донесе…