Објавено на:

Си: Нема победници во трговската војна

t

Кинескиот претседател Си Џинпинг денес ја започна еднонеделната посета на Југоисточна Азија во Виетнам, нагласувајќи ја посветеноста на Пекинг за глобалната трговија, веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп ја потресе глобалната економија со неговите најнови тарифи.

Иако Трамп ги паузираше новите царини за голем број земји, тој ги остави оние за Кина, втората по големина економија во светот, на 145 отсто.

Посетата на Си ѝ овозможува на Кина да ѝ покаже на Југоисточна Азија дека е одговорна суперсила, за разлика од начинот на кој САД се претставуваат пред светот под претседателот Доналд Трамп, изјави Нгуен Как Гианг, истражувач во Институтот ИСЕАС.

Кина може да работи на зајакнување на сојузите и изнаоѓање решенија за високата царинска бариера што САД ја постави на нејзиниот извоз.

„Нема победници во трговска војна или тарифна војна“, напиша Си во едиторијалот објавен во виетнамските и кинеските државни медиуми.

„Нашите две земји треба цврсто да го чуваат мултилатералниот трговски систем, стабилните глобални индустриски и снабдувачки синџири и отворената и кооперативна меѓународна средина“, рече Си.

Тој денеска пристигна во Ханој на почетокот на дводневната посета на Виетнам.

Иако патувањето на Си најверојатно било планирано порано, тоа станало значајно поради тарифната војна меѓу Кина и САД, двете најголеми економии во светот.

Во Виетнам, Си ќе се сретне со генералниот секретар на Комунистичката партија на Виетнам, То Лам и премиерот Фам Мин Чин.

Истражувачот Нгујен истакна дека патувањето на Си во Виетнам, Малезија и Камбоџа е за тоа како Кина може да се изолира од Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…