Си ја бараат бељата? Резников вели Украина ќе продолжи да го напаѓа Крим!
Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска изјави дека Украина ќе продолжи со нападите на привремено окупираниот Крим и на мостот Керч.
Во интервју за Си-Ен-Ен, тој рече дека „сите овие цели се официјални“, бидејќи нивното таргетирање ќе ја намали способноста на Русите да се борат против Украина и ќе помогне да се спасат животи на Украина, пренесува украински Интерфакс.
„Тоа е нормална тактика да ги уништите логистичките линии на вашиот непријател за да им оневозможи да набават повеќе муниција, гориво, храна и слично. Затоа ќе ја искористиме оваа тактика против нив“, рече Резников на прашањето дали целта на Украина е трајно да го оневозможи мостот.
Зборувајќи за тоа дали Украина планира да нападне руски бродови во Црното Море како одговор, Резников рече дека Украина има потенцијал.
„Имаме оружје, како што беше случајот со крстосувачот Москва, и ако ни се закануваат во Црното Море, ќе мора да одговориме“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи оди во…
Министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, одговарајќи…
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…