(Видео) Скандал во Бугарија: Претепан делегатот на фудбалскиот меч Локомотив Пловдив – Септември Софија

t

Голем скандал се случи на мечот од бугарската Прва фудбалска лига меѓу Локомотив Пловдив и Септември Софија.

Локомотив беше поразен како домаќин во Пловдив со резултат 1:0, во рамките на 21 коло од првенството, а на крајот од натпреварот дојде до тежок инцидент.

На еден од навивачите му се слоши и му беше потребна медицинска помош, а потоа транспорт во болница. Делегатот на натпреварот побара од друг навивач да се врати на трибините, но тоа не му се допадна.

Набрзо на теренот се спуштиле повеќе навивачи и делегатот се најде во голема опасност, а по кратка расправија беше физички нападнат добивајќи два удари во главата.

Откако ситуацијата некако беше смирена со помош на домашните играчи, судиите и делегатот решија натпреварот да се доигра до крај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Скандал во Бугарија: Претепан делегатот на…

Голем скандал се случи на мечот од…

Никогаш нема да го прифатиме договорот меѓу…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се…

„Убиецот на градовите“ тргна кон Земјата! НАСА…

Страшниот астероид „убиец на градот“ 2024 YR4,…

Детектор анкета: Секој трет размислува да се…

Секој трет граѓанин или 35.2 проценти размислуваат…

Вучиќ: Ќе напишам бестселер за мојата победа

Властите од Србија на чело со претседателот…