Скандал во МВР: Главен пилот фалсификувал дозвола и превезувал министри

t

Полициски инспектор вработен во Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија со години управувал полициски хеликоптер со фалсификувана дозвола, при што истиот хеликоптер бил користен и за превоз на високи политичари и министри во тој период.

Од Одделот за внатрешна контрола при МВР е поднесена кривична пријава против Н.А., главен пилот во Одделот за воздухопловни единици, поради сомнение за кривично дело „фалсификување исправа“ според член 378 став 3 од Кривичниот законик. Пријавата наведува дека осомничениот незаконски го впишал овластувањето за инструктор на хеликоптерот тип TRI BELL 206 во својата дозвола дури иако не ги исполнувал потребните услови.

Според истрагата, овластувањето било прикажано како стекнато на 26 февруари 2020 година и било користено како валидно пред Воздухопловната полициска единица во Брник, Словенија, како и во повеќе управни постапки пред Агенцијата за цивилно воздухопловство, со цел да се впише во неговата цивилна дозвола. Случајот е доставен до надлежното обвинителство, кое треба да одлучи за понатамошните правни дејства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал во МВР: Главен пилот фалсификувал дозвола…

Полициски инспектор вработен во Министерството за внатрешни работи…

МВР: 19.066 регистрирани од „Безбеден град“ во…

Во текот на февруари констатирани се 19.066…

Не ни иде паметот: Кривични пријави за…

Кривични пријави за 10 возачи поради возење…

Кумановец возел со 3,08 промили, а велешанец…

Лишен од слобода возач од Куманово, управувал…

Вчера, од системот „Безбеден град“ регистрирани се…

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на…