Скандал во основно училиште во Делчево: Наставничка оценувала здрави ученици како да се со посебни образовни потреби?

t

До ЛО Левица – Делчево стигнаа шокантни информации за сериозни неправилности во работата на поединци во Основното училиште „Ванчо Прќе“. Според доставените сознанија, наставничка по англиски јазик од Виница, која се поврзува со структури блиски до ДПМНЕ и која воедно е сопруга на судија, наводно оценувала здрави ученици како да се со посебни образовни потреби, објавија од Левица Делчево.

Во продолжение нивната објава на социјалните мрежи:

– Таквото постапување ги вознемири родителите, кои оправдано бараат објаснување и одговорност.

Денес се одржува наставнички совет, од кој очекуваме целосна транспарентност и јавно образложение за сите спорни практики.

Левица Делчево бара одговорност!

Бараме:

– итна и целосна интерна проверка,

– вклучување на надворешен инспекторат,

– информирање на родителите без одложување,

– санкции за сите инволвирани доколку се утврдат пропусти.

Образованието не смее да биде злоупотребувано, ниту под политички притисок, ниту под заштита на моќни позиции.

Без разлика кој кому е сопруг, роднина или партиски кадар – правдата мора да важи за сите! – стои во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал во основно училиште во Делчево: Наставничка…

До ЛО Левица - Делчево стигнаа шокантни…

Учениците од Трубарево се враќаат во училиште…

Околу 1800 ученици од четири основни училишта…

Кривична пријава за двајца дилери од Делчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе…

Центарот за социјални работи Делчево со најмногу…

Според најновиот извештај на Секторот за инспекциски…

За 245 илјади ученици денеска почнува учебната…

Училишното ѕвонче денеска ќе го означи почетокот…